Овој котел како и останатите котли покрај тоа што може да се ложи на дрва овозможува и функционална работа на нафта, гас, и пелети. Основни карактеристики на овој тип котел се: 

  • Подполно и чисто согорување кое се одржува на висок степен на дејство на котелот, и минимална емисија на штетни гасови.
  • Долг временски интервал на горење при едно полнење на котелот( преку 7 саати).
  • Најнов тип на регулација која што го намалува оптеретувањето на котелот.
  • Ложење се прави преку посебна голема врата.

Покрај големиот степен на искористување на енергијата, овој тип на котли поседува конструктивна особина која гарантира висок квалитет и долг век на котелот. Котлите се со 5 годишна гаранција.